Петар Белистојаноски е избран за нов претседател на Карате федерацијата на Македонија. Белистојаноски ја доби довербата на делегатите на годишно Собрание на Карате федерацијата кое беше одржано викендов во Скопје.
Во периодот до организирање на годишно Собрание, федерацијата како в.д. претседател ја водеше Драги Стојановски.
Белистојаноски во последните години беше тренер и селектор во нашите репрезентативни селекции.