Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, се соочува со сериозни проблеми во ростерот пред денешното гостување кај Мајорка во тековното коло во Примера Дивизион.
„Кралевите“ ќе ги немаат повредените Карим Бензема и Едер Милитао а меѓу резервите остана и Лука Модриќ. На клупата пак, ќе биде Давид Алаба кој исто така се опоравуваше од повреда.
Мечот ќе започне во 14 часот а Реал Мадрид ќе стартува со Куртоа, Карвахал, Начо, Рудигер, Камавинга, Чуамени, Себаљос, Валверде, Асенсио, Винисиус и Родриго.