Реал Мадрид доколку победи в четврток на средбата со Валјадолид и теоретски ќе ја обезбеди новата титула во фудбалскиот шампионат на Шпанија. „Кралевите“на две кола до крајот имаат четири бодови предност во однос на Барселона.
– На две кола до крајот ние и Барселона имаме шанси да ја освоиме титулата. Ако Реал стане шампион, нашите фудбалери нема да се појават на традиционалните локации за прослава на трофејот. Испраќаме повик до фановите и тие да не го прават тоа, мора сите да бидеме максимално одговорни и внимателни и да се избегне ризик од ширење на коронавирусот.
– Многу би сакале фудбалерите и стручниот штаб да ја прослават титулата како вообичаено, но, сега безбедноста е на прво место, – стои во соопштението на Реал.