Екипата на Реал Мадрид завршните мечеви од сезоната ќе ги одигра на стадионот – „Алфредо Ди Стефано“ кој е дел од спортскиот центар на „кралскиот клуб“ и ги има потребните услови за реализирање на мечеви без присуство на публика.
Бидејќи фудбалската сезона во Шпанија ќе продолжи без гледачи на трибините, „белите“, одлучија да го искористат резервниот стадион додека направат одредени корекции на – „Сантијаго Бернабе“.
Шпанците се надеваат дека во почетокот на октомври полека публиката ќе се враќа на трибините во редуциран број додека целиот капацитет ќе се користи некаде од јануари во 2021 година.