Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен и Трент Александер Арнолд од Ливерпул ќе бидат трансферна цел на Реал Мадрид во 2025 година, наведуваат дел од медиумите во Шпанија.
„Кралевите“ сакаат да го искористат моментот што двајцата фудбалери ќе бидат слободни на трансфер пазарот откако ќе им истечат договорите.
Канаѓанецот наводно, ги има договорено личните услови додека Англичанецот, ќе чека да види дали ќе добие продолжување на договорот со „црвените“.

