Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба. Како што објави „Get French Football News“, мадридскиот клуб размислува за купување на 23-годишниот француски дефанзивец.
Претставници на „кралевите“ стапиле во контакт со агентите на играчот за да ги дознаат неговите барања.
Договорот на Салиба со „топчиите“ ќе заврши во 2027 година. Тој во сезонава одигра 20 натпревари и постигна 2 гола.

