УЕФА соопшти дека сите клубови од Белорусија и нејзините репрезентациите ќе мора да ги играат домашните натпревари на неутрални терени.
Покрај тоа, извршниот комитет одлучи сите натпревари на белоруските тимови кога ќе бидат домаќини да се одиграат пред празни трибини.
Причина за санкцијата од страна на Европската куќа на фудбалот е поддршката што Белорусија и ја дава на Русија која реализира воени дејствија во Украина.