Најдобриот напаѓач наТорино, Андреа Белоти, ќе се раздели со клубот бидејќи пет екипи се во жестока трка за неговиот попис.
Според наведеното, Милан, Наполи, Фиорентина, Евертон и Атлетико Мадрид ќе се обидат да го купат одличниот фудбалер кој до прекинот на сезоната поради пандемијата со Ковид-19, во континуитет ги тресеше противничките мрежи. Белоти во договорот има откупна клаузула вредна 100 милиони евра, но, таа сума се однесува само за клубови надвор од „Чизмата“.
Наводно, популарните „бикови“ се подготвени да го продадат италијанскиот репрезентативец за многу помала сума. Белоти кој има договор со Торино до 2022 година, во тековнава сезона има постигнато 15 голови во сите конкуренции.