Челниците на Фиорентина успеаја да го ангажираат фудбалерот, Лукас Белтран, кој има аргентинско и италијанско државјанство.
Тој доаѓа од екипата на Ривер Плата за 12 милиони евра и плус околу 10 предвидени за бонуси. 22-годишниот Белтран пристигна во Фиренца во текот на викендот и ги помина медицинските прегледи.
Белтран со „виолетовите“ потпиша договор до 2028 година и ќе заработува 1,8 милиони евра годишно. Тој во тековната сезона во дресот на Ривер Плата одигра 35 средби со ефект од 16 голови и 4 асистенции.