Францускиот напаѓач од екипата на Севиља, Висам Бен Једер е близу до трансфер во француски Монако.
Според медиумите во Франција, тој веќе пристигнал во кнежеството, и се очекува да биде подложен на медицински тестови во текот на денешниот ден. Се очекува Бен Једер да потпише петгодишен договор, а сумата за трансферот која ќе биде исплатена е 40 милиони евра. Напаѓачот неодамна ја отфрли понудата од Кина и реши да остане во Европа.
Неговата амбиција е да влезе во националниот тим на Франција за Европското првенство следната година. Бен једер беше желба на ПСЖ и Манчестер Јунајтед по одличната сезона што ја имаше во Шпанија. На 35 натпревари тој постигна 18 голови и забележа 9 асистенции.