Фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер, ќе мора да оди во изолација откако добил позитивен тест на Ковид-19.
Другите играчи на италијанскиот тим ќе продолжат со редовни активности бидејќи немале контакти со него од претходниот викенд и пријателскиот натпревар со Модена.
Во моментов нема прецизна најава до кога играчот на „росонерите“ ќе биде во карантин. Милан денеска ќе игра пријателски меч со Ница.