Дефанзивецот на Јувентус Меди Бенатија побара да биде продаден до крајот на трансфер периодот.
Мароканецот добил доста добра понуда од Катар и сака да ја продолжат својата кариера токму таму. Катарскиот тим Ал Дуаил е подготвен да плати 10 милиони евра за правата на одбрандбениот играч на Јувентус.
Јувентус нема желба да се раздели со 31-годишниот дефанзивец, но раководството може да го промени своето размислуување ако најдат соодветна замена. Ова може да биде дефанзивецот на Валенсија, Езекиел Гарај, кој веќе долго време е во плановите на Јувентус.
Аргентинецот ги надмина проблемите со повредите и беше стартер во последните 7 натпревари на валенсија. Тој ќе биде релативно ефтин за „старата дама”, бидејќи има 32 години и неговиот договор е за уште 18 месеци.