Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бендтнер го пропушта СП во Русија
    Фудбал

    Бендтнер го пропушта СП во Русија

    risteBy riste04/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Данскиот напаѓач Никлас Бендтнер нема да игра на Светското првенство поради повреда. Тој доби повреда за време на натпреварот со неговиот клуб Розенборг во норвешкото првенство.

    Тоа се случи пред една недела, но потоа фудбалерот се приклучи на својот национален тим. Сепак, лекарите од репрезентацијата на Данска мислат дека нема да може да се опорави на време за Светското првенство.

    30-годишниот фудбалер, познат по неговио прекар „Лорд“, тренираше цела недела одделно и не играше на мечот со Шведска во контролниот натпревар. Тој се обиде да направи фитнес сесија за да провери дали може да издржи оптоварување.По вчерашниот тренинг, селекторот на Данска Харејде објави дека Бендтнер и дефанзивецот Андреас Биеланд се ослободени од тимот. Данска е во групата Ц на Светското првенство заедно со Перу, Австралија и Франција.

    „Ние не криеме дека имавме надеж дека двајцата ќе се опорават навреме за Светското првенство, а особено за нашата прва средба со Перу. Овој натпревар ќе биде многу тежок и во исто време исклучително важен. Сакаме да влеземе во првенството со 23-ца фудбалери, кои се подготвени 100%”, рече тренерот Харејде.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.