Германскиот дефанзивец Бенедикт Ховедес го напушти московскиот тим Локомотив, пренесува прес-службата на клубот од руската Премиер лига.
„Од семејни причини, Бени одлучи да остане во Германија. Клубот ја прифати неговата одлука и договорот беше раскинат со взаемна согласност. Му благодариме за сè и му посакуваме понатамошен успех”, се вели во пораката на Твитер.
Ховедес беше дел од Локомотив од 2018 година, а пред тоа ги бранеше боите на Јувентус и неговиот матичен клуб Шалке 04. Оваа сезона 32-годишниот играч одигра 18 натпревари од шампионатот на Русија.