Тимот на Бенфика фицијално излезе со изјава со која ги осуди информациите дека клубот се договорил со Атлетико Мадрид за трансферот на Жоао Феликс.
„Како одговор на вестите кои беа објавени во текот на вчерашниот ден, Бенфика потврдува дека не е точно дека постојат преговори за потенцијален трансфер на играчот Жоао Феликс. Условите на преговорите се јавни, имајќи ја предвид клаузулата за откуп од 120 милиони евра. Она што е уште посериозно и го заслужува нашето најсилно негирање е лажната вест дека преговорите вклучуваат провизија од 30 отсто. За жал, тоа беше објавено во Португалија од страна на весникот „А Бола“, за чија намера и цел воопшто не сме запознаени. Повторуваме: Оваа информација е потполно лажна и апсурдна, со цел да ја оцрни репутацијата и честа на Бенфика”, се вели во соопштението на клубот од Лисабон.

