Фудбалерите на Интер, исто така, може да бидат многу задоволни што стигнаа до оваа фаза од натпреварувањето. Учеството на турнирот го започнаа како дел од „групата на смртта“, каде беа во друштво на Баерн (Минхен), Барселона и Викторија (Плзен).
Интер заврши зад германскиот шампион, но успеаја да се изборат со Каталонците за второто место, завршувајќи со 10 бода по три победи, едно реми и два порази. Во осминафиналето веќе елиминираа еден португалски претставник по минимален успех со 1:0 на „Џузепе Меаца“ и реми без голови на „До Драгао“. Така, Интер има вкупно една победа, две нерешени и еден пораз во гостувањата од Лигата на шампионите во текот на сезоната. Гигантот од Милано моментално се мачи во Серија А, каде што имаат само една победа во последните шест првенствени натпревари. Така, тие го заземаат петтото место на табелата со 51 поен или само еден од Милан кој е четврти.
Тренерот на Бенфика, Роџер Шмит, ќе биде без повредените Јулијан Дракслер, Гонзало Гуедес и Михаило Ристиќ, како и без суспендираниот капитен Николас Отаменди. Се очекува нападот да го предводи ѕвездата на тимот Гонзало Рамос, кому ќе му помагаат Жоао Марио, Давид Нереш и Рафа Силва.
Од друга страна, повредените Милан Шкрињар и Хакан Чалханолу нема да му бидат на располагање на тренерот на Интер, кој на тој начин ќе се потпре на Матео Дармијан во одбраната и Марсело Брозовиќ во средниот ред. Големата дилема со која се соочува е кој да биде партнер во нападот со клупскиот голгетер Лаутаро Мартинез, при што се смета дека Един Џеко е поверојатно отколку Ромелу Лукаку да започне како стартер.
БЕНФИКА – ИНТЕР
Веројатни состави:
Бенфика (4-2-3-1): Влаходимос, Жилберто, А.Силва, Морато, Грималдо; Флорентино, Шикињо; Ж. Maрио, Аурснес, Д.Нереш; Г. Рамос.
Интер (3-5-2): Онана; Дармијан, Ачерби, Бастони; Дамфрис, Барела, Брозовиќ, Мхитарјан, Димарко, Лукаку и Л.Мартинез
Судија: Мајкл Оливер 9Англија)
Стадион: „Луж“