Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бенфика го пречекува незгодниот Ајакс кој знае како се победува во Лисабон
    Фудбал

    Бенфика го пречекува незгодниот Ајакс кој знае како се победува во Лисабон

    risteBy riste23/02/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Бенфика вечерва од 21.00 часот во Лисабон го пречекува Ајакс во првата 1/8 финална пресметка од Лигата на шампионите. Домаќините ќе имаат тешка задача да се соочат со тим кој на 33 натпревари постигна 108 гола.

    Во текот на викендот, Бенфика прокоцка предност од два гола против Боависта во ремито од 2:2 по одличното прво полувреме и опуштањето во второто.

    Ајакс се пласираше во 1/8 финалето по сензационалните шест победи во групната фаза, вклучувајќи го и триумфот против Спортинг со 5:1 во Лисабон.

    Најголем придонес за овие победи имаше напаѓачот Себастијан Халер, кој постигна гол на сите шест натпревари и стана само вториот играч во историјата со вакво достигнување по Кристијано Роналдо во сезоната 2017/2018. Двата тима последен пат играа меѓу себе во групната фаза во сезоната 2018/2019. Тогаш Ајакс победи на домашен терен со 1:0, а мечот во Лисабон заврши 1:1.

    Се очекува Португалците да дадат се од себе за да ги демантираат прогнозите кои го ставаат Ајакс како сигурен победник и тим кој ќе оди понатаму.

    Сепак, избраниците на тренерот Верисимо мора да бидат внимателни, бидејќи дури петмина од нив може да го пропуштат реваншот во Амстердам. Станува збор за Грималдо, Жоао Марио, Отаменди, Рафа Силва и Вајгел. Кај Ајакс опасност за такво нешто има за Алварез и Тимбер.

    Веројатни состави:
    Бенфика: Влаходимос, Лазаро, Отаменди, Вертонген, Грималдо, Вајгел, Марио, Тарабт, Бернардо, Рафа Силва, Дарвин Нунес.
    Ајакс: Пасвер, Блинд, Мартинез, Шуурс, Мазрауи, Гравенберг, Алварез, Тадиќ, Бергуис, Ентони, Але.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер

    28/03/2023

    Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем

    28/03/2023

    Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција

    28/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.