Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бенфика и Ливерпул во Лисабон се борат за полуфинале во ЛШ
    Фудбал

    Бенфика и Ливерпул во Лисабон се борат за полуфинале во ЛШ

    risteBy riste05/04/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва се игра првиот натпревар помеѓу Бенфика и Ливерпул во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

    Двата тима ќе се сретнат на стадионот Луш во Лисабон од 21 часот. Секој од нив ќе сака да постигне добар резултат. Гостите ја играат улогата на фаворити и за нив се поголеми очекувањата. Иако правилото за голови на гостински терен повеќе не постои, секогаш е добро да се дојде до победа како гостин, што дава самодоверба пред реваншот и го доведува противникот во многу тешка ситуација. Токму тоа е задачата на избраниците на Јирген Клоп, но домаќините не се за потценување.

    Бенфика избори пласман во четврт-финалето победувајќи многу сериозна екипа како Ајакс. Интересно, првиот меч во Лисабон заврши 2:2, но Бенфика  го доби реваншот во Холандија со 1:0 и со тоа го елиминираа тимот од Амстердам.

    Во исто време, Ливерпул во претходното коло го победи Интер. „Црвените“ покажа две лица во двата натпревари. Прво победија со 2:0 во Милано, а потоа загубија со 0:1 од „Енфилд“, но со вкупен резултат од 2-1 отидоа во четврт-финалето.

    Бенфика ќе мора да ја повтори историјата доколку сака да го елиминира Ливерпул. Тимот никогаш не ја поминал фазата од четвртфиналето откако ова натпреварување се одржува во овој формат – Лигата на шампионите. Дополнително, во Лисабон не се најдобро расположени пред денешниот натпревар, откако викендов загуби од Брага со 2:3, со што ја прекина серијата од 9 последователни натпревари без пораз.

    Од друга страна, Ливерпул е исклучително силен како гостин оваа сезона во Лигата на шампионите. Англичаните досега ги добија сите 4 натпревари на гостински терен. Имаат шанса да го израмнат рекордот на тимот од 1983-84 година, кога забележа 5 последователни победи како гостин на турнирот на шампионите.

    На домаќините ќе им недостасува трајно повредениот Лукас Верисимо, како и напаѓачот Родриго Пињо. Добрата вест е што Харис Сеферовиќ веќе се опорави и е на располагање на тренерот Нелсон Верисимо. Истото важи и за играчот од средниот ред Адел Тарабт.

    Во Ливерпул единствено прашање е за дефанзивецот Трент Александер-Арнолд. На мечот против Ватфорд беше на клупата, па очигледно се опорави и не се мали шансите за настап. На располагање на Јирген Клоп ќе му бидат и Куртис Џонс и Жоел Матип, иако последните денови имаа мали повреди. Подготвен за игра е и Наби Кеита.

    БЕНФИКА – ЛИВЕРПУЛ
    Веројатни состави:
    БЕНФИКА: Влаходимос, Жилберто, Отаменди, Вертонген, Грималдо, Силва, Марио, Вајгел, Евертон, Нунес, Јаремчук
    ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Тијаго, Жота, Мане, Сане

    Стадион: Луш, Лисабон
    Судија: Хесус Хил Мансано (Шпанија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.