Португалскиот фудбалски состав Бенфика ќе добие солидна сума на пари од трансферот на Лука Јовиќ во Реал Мадрид.
Ангажманот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт во редовите на „белите“ ќе му донесе на португалскиот состав околу 30% од сумата што ќе ја платат шпанците. Бидејќи нема официјална потврда за висината на трансферната сума, се претпоставува дека таа ќе се движи од 60 до 70 милиони евра.
Jовиќ и претходно и донесе на Бенфика солидни 7 милиони евра откако германците му го откупија договорот. Тој во штотуку завршената сезона одигра 48 средби на кои успеа да постигне 27 голови и да направи седум асистенции