Дефанзивецот на Сантош, Лукас Верисимо, кариерата ќе ја продолжи во португалскиот шампионат. 25-годишниот Бразилец потпиша договор со Бенфика, како што соопштија од прес-службата на клубот од Лисабон.
Двете страни склучија договор до 2025 година, а финансиските детали за трансферот сè уште не се откриени. Вредноста на Верисимо се проценува на 6 милиони евра. Оваа сезона Лукас Верисимп одигра 17 натпревари за Сантош во сите натпреварувања, постигна 1 гол и 1 асистенција. Претходно, италијанските клубови покажаа интерес за него, но работата никогаш не дојде до официјални предлози.
Во еден период од Бенфика беа заинтересирани за дефанзивецот на италијанскиот Наполи, Елсеид Хисај за кого планираат да го ангажираат следното лето како слободен играч.