Бенфика потврди дека е постигнат договор со Ливерпул за продажба на напаѓачот Дарвин Нунес. Англискиот клуб сигурно ќе плати 75 милиони евра, а уште 25 милиони се вклучени во договорот како клаузули.
Така, ова веројатно ќе стане најскапото купување н аиграч во историјата на Ливерпул, надминувајќи го она на Вирџил ван Дајк (84,65 милиони евра).

Денеска Уругваецот го очекуваат на „Енфилд“ на медицински прегледи, по што ќе го парафира договорот кој ќе биде за следните шест сезони.
Од она што беше објавено од страна на Бенфика , јасно се гледа дека договорот ќе биде реализиран и играчот ќе го напушти нивниот клуб.

