Аргентинскиот фудбалски стручњак, Маурисио Почетино може да го замени Бруно Лаге на тренерското место во Бенфика, пренесуваат медиумите во Португалија.
Според изворот, претседателот на Бенфика, Луис Филипе Виера, веќе контактирал со Почетино. Објавено е дека клубот е подготвен да инвестира за да ги добие услугите на Почетино.
Во 2019 година, Почетино поднесе оставка на функцијата менаџер на Тотенхем. Со оваа екипа Почетино стигна до финалето од Лигата на шампионите, каде загуби од Ливерпул со резултат 0:2. Пред тоа, Аргентинецот беше тренер на Саутемптон и Еспањол.
Минатата година, под водство на Бруно Лаге, Бенфика стана шампион на Португалија, а оваа сезона, тие се на три бода зад Порто на 6 кола пред крајот на шампионатот.