Бенфика и Бриж ќе се соочат во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Португалскиот тим победи со 2:0 на гостувањето во Белгија и се фаворити за пласман во следната рунда, додека тимот на Скот Паркер ќе мора да направи вистински подвиг за да ги елиминира Лисабонските орли.
Бенфика има блескава сезона досега и е многу блиску до титулата во Португалија, а импресионираше и со својот настап во Лигата на шампионите. Избраниците на Роџер Шмит ќе се обидат да стигнат до четвртфиналето на турнирот во две последователни сезони за прв пат во својата историја. Од 2020 година, само Баерн (Минхен) и Ливерпул успеаја да победат на гостувањето кај Бенфика во Лисабон во Лигата на шампионите, а тоа на Бриж не му дава многу причини за оптимизам.
Белгијците беа сензација во групната фаза, но оттогаш нивната форма драстично опадна, а доказ е пласманот во шампионат на Белгија, каде заостануваат цели 20 бода зад лидерот Генк. Последниот натпревар на тимот беше пораз со 0:3 против Остенде.
Клуб Бриж нема примено ниту еден гол во трите гостувања во Лигата на шампионите оваа сезона, но против Бенфика нема да биде доволно солидна дефанзивна игра. Навивачите сигурно ќе се надеваат на повторување на претходното гостување на тимот во Португалија и нивниот успех од 4:0 против Порто.
Бенфика ќе остане без повредениот Јулијан Дракслер. Сисињо и Гонзало Гуедес ги надминаа повредите на мускулот и се во групата за мечот. Сите очи вечерва ќе бидат вперени во Жоао Марио. Доколку постигне гол, португалскиот репрезентативец ќе го достигне рекордот на легендата Еузебио од пет последователни средби со гол во Лигата на шампионите.
Големо отсутно од составот на Бриж ќе биде Андреас Сков Олсен. Роман Јаремчук ќе остане на клупата против својот поранешен клуб, а Скот Паркер ќе смета на Феран Јутгла во нападот.
Натпреварот на стадионот „Луж“ започнува во 21 часот , а ќе го суди Мелер од Турција.