Напаѓачот на Реал Мадрид Раул де Томас, кој минатата година играше со позајмица во екипата на Рајо Ваљекано, може да ја продолжи кариерата во португалскиот гигант Бенфика.
Според португалските медиуми, Лисабонскиот тим преговара со 24-годишниот Шпанец, кој постигна 14 гола на 34 натпревари минатата сезона. Истовремено цената на играчот најверојатно ќе изнесува околу 22 милиони евра.
Во последните недели двата тима беа поврзани во неколку различни комбинации за можни договори меѓу Реал и Бенфика, откако се појавија шпекулации за интерес на Реал кон младата ѕвезда Жоао Феликс, а во спротивна насока кон Португалија да се пресели голманот Кејлор Навас.