Менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез ги повика навивачите да му дадат поддршка на тимот на претстојното дерби со Ливерпул.
„Карамелите“ се без победа во последните 7 натпревари во Премиер конкуренцијата по што паднаа на 14-то место. Ливерпул е на третото место со 2 бода помалку од лидерот Челзи. Фудбалерите на Евертон беа критикувани за поразот од новајлијата Брентфорд во неделата, но, Бенитез изјави дека не очекува негативна атмосфера на 239-та градска пресметка со Ливерпул.
„„Ја започнавме сезоната навистина добро и сите беа среќни. Мислам дека навивачите се паметни и знаат дека сега ни се потребни. Навивачите се главна работа за нас. Мислам дека знаат колку им се значајни на играчите. Ќе бидеме подобри“ – изјави Шпанецот.

