Голманот на фудбалскиот состав Ница, Валтер Бенитез, потпиша нов договор со францускиот тим од Лига 1, беше објавено на официјална веб-страна на клубот.
Според неофицијалните податоци, новиот договор на 27-годишниот Аргентинец ќе биде за три сезони и ќе трае до јуни 2023 година. Бенитес кој запиша 29 натпревари за Ница во сите натпреварувања, прими 39 голови а на 5 мечеви успеа да ја зачува недопрена неговата мрежа.
Младиот играч е дел од тимот на Ница од 2016 година кога се определи да ја напушти Аргентина и со слободен трансфер да се пресели во Европа.