Италијанскиот новинар, Фабрицио Романо, напиша на социјалната мрежа – „Твитер“ дека Евертон може да го купи напаѓачот на Баер Леверкузен, Демараj Греј.
Според наведеното, новиот тренер на „карамелите“, Рафаел Бенитез, ќе инсистира да се засили нападот а како главна трансферна цел го посочил токму 25-годишниот Англичанец кој во изминатата сезона одигра 12 натпревари и постигна еден гол.
Неговиот договор со германскиот состав истекува догодина на 30 јуни.