Менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез, во јануарскиот преоден рок сака да купи фудбалери за две позиции на теренот, пишува „Liverpool Echo“.
Шпанскиот специјалист проценил дека му требаат нови играчи за да ги оствари поставените цели до крајот на сезоната.
Популарните „карамели“ ќе се обидат да продадат неколку играчи за да може да одвојат поголема сума за засилувања. Искусниот стратег сака да ја зголеми конкуренцијата по крилните позиции и во средниот ред.