Шпанскиот фудбалски тренер, Рафаел Бенитез, го презеде кормилото на Евертон, се вели во објавата на официјалната веб-страница на англискиот клуб. Договорот ќе му биде на три години. Бенитез ќе започне со работа на 5 јули.
„Воодушевен сум што се приклучувам на Евертон. Бев импресиониран од амбициозните планови за кои ми кажаа претставниците на клубот. Сакам да бидам успешен“ – вели Бенитез.
Специјалистот има работено во Ливерпул, Реал Мадрид, Наполи, Челзи, во голем број шпански клубови и во кинескиот состав Далиан Про.
