Фудбалерите на Њукасл денеска ќе гостуваат кај фаворитот Ливерпул во рамките на 19 коло во Премиер лигата на Англија. Менаџерот на гостите, Рафа Бенитез, верува дека неговите избраници можат да направат изненадување.
„Премногу е рано да го дефинираме Ливерпул како фаворит во првенството иако се гледа дека тие и Манчестер Сити се понапред од другите. Треба да се сконцентрираме“ вели шпанскиот тренер кој седеше на клупата на „црвените“ од 2004 до 2010 година
„ Имаме прецизен план, кој ќе ни помогне да победиме. Ако се држиме до него, тие ќе мора да направат грешки. Ако го исполниме добро, тие ќе имаат лош ден ” – изјави Бенитез. Ливерпул е на чело на табелата во Премиер лигата додека Њукасл се бори за опстанок.
