Менаџерот на Њукасл Рафаел Бенитез беше во добро расположение по победата со 2:1 над Манчестер Сити.
По натпреварот Шпанецот изјави дека верува дека клубот ќе го направи потребното, за да остане во елитата, тоа вклучува и привлекувањето на неколку нови играчи.
„Не знам што ќе се случува со трансферите во клубот, но пред натпреварот ми рекоа дека имаме напредок. Ова е добра вест, но најважно е да ги земеме потребните играчи, а не д аја гледаме нивната цена. Верувам дека ќе го направиме неопходното за да останеме во елитата. Треба да останат играчите смирени. Кога имаат самодоверба, тогаш шансите за успех се поголеми”, смета Бенитез.
„Планот за овој натпревар не вклучуваше да примиме гол уште во првата минута. За среќа играчите реагираа добро. На полувремето им реков дека треба да останат фокусирани и ќе имаме шанса. Имавме потреба да направиме ваков резултат против еден од топ тимовите. Најдобриот меч за нас оваа сезона ќе биде оној кој ќе не остави во елитата”, додаде Шпанецот.