Францускиот напаѓач Карим Бензема би можел да го пропушти првиот натпревар на Светското првенство бидејќи продолжува да тренира на индивидуална програма. Ова го објавија дел од француските медиуми.
34-годишниот напаѓач на Реал Мадрид ги пропушти последните натпревари во клубот поради повреда на колкот.
Светското првенство во 2022 година во Катар ќе започне на 20 ноември и ќе трае до 18 декември. Франција во групата Д ќе се соочи со Австралија, Данска и Тунис.
Во првото коло Французите во вторник на 22 ноември ќе играат со селекцијата на Австралија. Натпреварот започнува во 20:00 часот. Францускиот тим е актуелен светски шампион. На претходниот турнир во Русија во финалниот меч Французите ја победија Хрватска со резултат 4:2.