Карим Бензема бил во преговори со својот матичен клуб Лион за сензационално враќање во Франција, објавува „Л’Екип“.
Раководството на Лион контактирало со 38-годишниот напаѓач со понуда за едногодишен договор. Според информациите, Бензема дури бил подготвен да игра без плата, со што би се реализирало неговото враќање во клубот во кој ја започна професионалната кариера.
Сепак, до договор не дошло поради неговите постојни обврски. Во периодот на преговорите Бензема сè уште имал договор со Ал-Хилал, со кого подоцна се раздели.
Дополнителен проблем е неговиот договор како амбасадор на Саудиската Про лига, кој трае до јуни 2030 година. Бензема, наводно, сака да ја исполни таа обврска, а преселба во Франција би можела да создаде проблеми околу договорот.
Бензема ја започна кариерата токму во Лион, пред во 2009 година да се пресели во Реал Мадрид, каде што помина 14 години и ја освои „Златната топка“ во 2022 година

