Играчот на Реал Мадрид, Карим Бензема, доби три индивидуални награди за минатата сезона во Ла Лига, објави „Марка“.
На церемонијата што секоја година ја одржува овој спортски медиум, на францускиот фудбалер му беа доделени титулите за најдобар стрелец на сезоната, најдобар играч на сезоната, а воедно и играч на сезоната според навивачите. Бензема минатата сезона со Реал Мадрид стана шампион на Шпанија, а победи и во трката на стрелците постигнувајќи 27 гола.
Бензема оваа сезона забележа шест настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигна четири гола и една асистенција. Во следниот натпревар мадридскиот клуб ќе игра на домашен терен со Осасуна во шпанскиот шапмионат (2 октомври, почеток во 21 часот).