Францускиот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Карим Бензема стана најдобар стрелец на сите времиња меѓу француските фудбалери.
Тој успеа да дојде до ова достигнување во натпреварот од 28. коло на шпанскиот шампионат со Мајорка (3:0), каде напаѓачот постигна два гола. Французинот сега има 413 гола во кариерата, што му овозможи да се зацврсти на првото место на листата на најдобри стрелци. Втор е Тиери Анри, кој во кариерата постигна 411 голови. Да потсетиме, Бензема постигна хет-трик во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите сезона 2021/2022 со Пари Сен Жермен (3:1).
Головите на Французинот му донесоа на мадридскиот клуб пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Карим Бензема беше прогласен за најдобар играч на неделата во Лигата на шампионите.