Францускиот фудбалски интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, иако даде два гола на вчерашниот меч со ПСЖ во Лигата на шампионите, не успеа да се израдува на нова победа.
Дуелот на „Сантијаго Бернабе“ заврши нерешено 2 спрема 2 иако домаќините имаа предност од два гола. Напаѓачот на „белите“ вели дека екипата оди во добар правец и дека ќе биде уште подобра во продолжение од сезоната.
„Имавме силен противник, Мислам дека резултатот е добар иако примивме два гола. Ние сме на вистинскиот пат и даваме многу на теренот. Мислам дека допрва ќе го видите нашето вистинско лице“ – нагласи Бензема.
