Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема веќе не е позитивине на Ковид-19, објави „Марка“. По една недела карантин, 33-годишниот фудбалер беше негативен. Денес, Карим Бензема ќе се врати на тренинзи со тимот.
Да потсетиме, Бензема играше со француската репрезентација на Европското првенство – 2020 година, каде што неговиот тим испадна во 1/8 финалето, по поразот од Швајцарија по изведувањето пенали. Веднаш по тоа, Карим беше на одмор, од каде што се врати во базата на Реал Мадрид пред една недела и дозна дека се заразил со коронавирус.
Пред почетокот на сезоната 2021/2022, Реал Мадрид ќе има уште еден пријателски натпревар. На 8 август екипата на Реал Мадрид ќе игра против Милан. Средбата ќе се одигра во Клагенфурт (Австрија).