Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема стана четвртиот најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, објави „Дијарио АС“.
Да потсетиме, во натпреварот од второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите (1:2) Бензема реализираше пенал и го постигна единствениот гол за Реал Мадрид. Бензема сега го надмина Раул по бројот на голови во Лигата на шампионите, Бензема сега има 72, а Раул постигна 71 гол.
Најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо (136). На второто место е напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси (121), а најдобрата тројка ја затвора напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски (75).
Шериф Тираспол направи голема сензација со победата во мадрид и сега има 6 бода, а Реал со 3 бода се наоѓа на второто место. Во следното коло, Шериф ќе игра со Интер, Шахтјор ќе се сретне со Реал Мадрид.