Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе го пропушти натпреварот од 23. коло во шампионатот на Шпанија против Гранада.
Французинот не се опорави целосно од повредата и покрај тоа што ден претходно делумно тренираше со останатиот дел од екипата, но го пропушти денешниот тренинг.
Да потсетиме дека во 22. коло од шпанската лига, Реал Мадрид му гостуваше на Елче. Екипите одиграа нерешено – 2:2. На оваа средба Бензема не успеа да реализира пенал. И тој се повреди и го напушти теренот во 58. минута.
Реал Мадрид има 50 бода од 22 натпревари и е на првото место на табелата во шпанската Ла Лига.