Првиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, може да ја пропушти воведната пресметка со Ајакс во рамките на 1/8 финалето во Лигата на фудбалските шампионите која ќе биде реализирана во Холандија.
Францускиот интернационалец поради болки во пределот на вратот денеска не се појави на утринскиот тренинг. Лекарите не можат да дадат прецизна прогноза бидејќи повредата не е вообичаена за спортистите по што останува дилемата дали Бензема ќе може да го облече дресот на „кралевите“ на првиот дуел со Ајакс.
Тој со 18 голови во сите конкуренции е најдобриот стрелец во редовите на шпанскиот состав во тековнава сезона. Доколку голгетерот не може да игра, тогаш за неговото место ќе конкурираат Маријано Диас или Винисиус Жуниор.