Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема,кој вчера постигна три гола за победа на теренот на Челзи во Лигата на фудбалските шампиони влезе во историјата.
Тој е првиот Французин со двоцифрен број на голови уште од времето на легендарниот Жист Фонтен во 50-те години на минатиот век. Голгетерот на „кралевите“ е четвртиот кој постигнал два хет-трика по ред во ЛШ.
„Ова се магични ноќи, исто како против ПСЖ. Победивме и покажавме дека сме Реал Мадрид! Работите тргнаа добро за нас и игравме навистина добро од самиот почеток, па се до крајот. Многу сум среќен“ – изјави Бензема.