Најдобриот фудбалер во Лигата на шампионите во завршената сезона, Карим Бензема, се потсети на почетоците во Реал Мадрид и на перидот кога имал недоразбирања со Жозе Мурињо.
„Мојата прва сезона, првите шест месеци во Реал Мадрид беа многу тешки . Не зборував шпански, сè ми беше компликувано. Дојдов во еден поразличен свет отколку во Франција. За среќа, Не се откажав“, изјави Бензема за „Марка“.
„Имав проблеми со Мурињо. Се сретнавме во хотелот ден пред натпреварот со Мајорка. Разговаравме и тој ми рече дека нема да ме стави во тимот. Се скаравме и му реков: „Стави ме во првиот тим утре, ќе дадам гол и ќе победиме“. Натпреварот заврши со резултат 1:0, јас го постигнав гол“ – изјави Бензема.