Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема најверојатно ќе добие одмор за натпреварот со Џирона, пишува весникот „Марка“.
Французинот игра многу добро во последно време и е еден од основата на добрите игри и победи на Реал Мадрид на последните три гостувања каде славеа имаа позотивен резултат. Одиграа нерешено кај Барселона, а победија на гостувањата кај Атлетико Мадрид и кај Ајакс во Амстердам.
Бензема се запиша во листата на стрелци во Холандија, но по натпреварот почувствувал болки и покрај тоа што не се пријавил за некоја посериозна повреда. Сепак очекувањата се тој да го пропушти дуелот со Џирона кој се игра во недела попладне.
Напаѓачот е втор во екипата според одиграни минути и сигурно дека мора да биде свеж за следната серија на важни натпревари.
Можно е тренерот Сантијаго Солари да направи и други измени меѓу првите единаесет за оваа средба, па Лукас Васкез, Марко Асенсио и Мариано Дијаз, кои влегоа од клупата против Ајакс, сега да почнат, а тука се и Марсело и Дани Себаљос кој ќе чекаат шанса за настап.