Откако Карим Бензема постигна шест голoви на последните пет мечеви a дел од нив беа во клучните моменти од натпреварите, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го промени мислењето и нема да купува нова -„деветка“.
Според медиумите во Шпанија, францускиот стратег ќе се откаже од купување на Хари Кејн од Тотенхем и од Родриго од Валенсија. Како опција останува Лука Јовиќ од Ајнтрахт, за кого Реал е заинтересиран на долги патеки.
Според сите шпекулации, „кралевите“ имаат интензивни преговори со Еден Азар од Челзи а се најавува и офанзива по потписот на Пол Погба и на Садио Мане.