Француската фудбалска репрезентација по неуспехот на ЕУРО 2020, продолжи со слаби партии и во квалификациите за Мундијалот во Катар. „Триколорите“ по ремито со БИХ, одиграа повторно без победник и со Украина. Тоа сепак не го загрижува напаѓачот, Карим Бензема.
„Не би рекол дека имаме причина за загриженост. Знаеме дека натпреварите стануваат се потешки и дека треба да го подигнеме темпото на игра“ – вели Бензема.
„Наше е да направиме разлика на теренот. Мислам дека го имаме потребниот квалитет кај репрезентативците“ – потенцираше напаѓачот на Франција.