Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, за кој се шпекулира дека ќе биде во топ 3 за „Златната топка“, нема да присуствува на денешната церемонија во Париз. „Мовистар +“ открива дека Французинот се упатил кон родниот Лион.
Според информациите во последните часови, Бензема е втор во рангирањето зад Лионел Меси, а Роберт Левандовски е трет.
Францускиот репрезентативец синоќа играше за Реал против Севиља, а во среда навечер би требало да му биде на располагање на Карло Анчелоти, бидејќи Реал Мадрид игра против Атлетик Билбао во одложен натпревар од Ла Лига.

