Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бензема подобри достигнување на Роберто Карлос
    Фудбал

    Бензема подобри достигнување на Роберто Карлос

    risteBy riste07/04/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Карим Бензема го предводеше Реал Мадрид со капитенската лента на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул (3:1) но иако не постигна гол, тој повторно беше меѓу најдобрите во тимот на Зинедин Зидан.

    Тоа беше натпревар број 108 за Французинот со тимот на Реал во Лигата на шампионите. Зад себе го остави Роберто Карлос, кој има 107 натпревари за Реал во Лигата на шампионите, а пред него се само Икер Касилјас (150), Раул (130) и Серхио Рамос (128).

    Зинедин Зидан го имаше својот натпревар број 50 на чело на кралскиот клуб во Лигата на шампионите. 31 од нив завршија со победа, а подобар учинок има само Јуп Хејнкес – 32 победи од неговите први 50 натпревари како тренер на Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

    Стрелецот на двата гола против Ливерпул – Винисиус Жуниор е вториот најмлад играч на Реал Мадрид со погодок во елиминациските натпревари од ЛШ. Бразилецот има 20 години и 268 дена, а рекордот го држи легендата Раул, кој погоди против Јувентус во 1996 година, кога имаше 18 години и 253 дена.

    Синоќа погоди и Марко Асенсио, кој за прв пат во кариерата е прецизен на 4 последователни натпревари. А, Лука Модриќ стана најстариот играч пред Рајан Гигс во 2011 година, кој асистираше на три последователни натпревари во Лигата на шампионите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.