Карим Бензема дефинитивно покажува дека беше во сенка на Кристијано Роналдо во текот на изминатите години, но синоќа Французинот успеа да ја надмине поранешната суперѕвезда на Реал Мадрид по едно постигнување.
Тој постигна два гола на мечот кој го добија против Легањес со 4:1 и на тој начин успеа да постигне гол против 33-от ривал во Лигата, со што го надмина постигнувањето на Португалецот и се израмни со Хуго Санчез и Раул Тамудо.
Лидерот според овој индикатор е Лионел Меси од Барселона, кој има постигнато гол против 36 различни тима во лигата. По него се Ариз Адуриз и Раул, кој реализирале против 35 противници, додека Хулио Салинас постигна гол на 34 различни тима во Ла Лига.
Шпанските медиуми предвидуваат одличната презентација на Бензема, кој веќе има 5 гола и го прави најдобриот почеток на сезона во кариерата, додека Роналдо продолжува да чека на првиот погодок за Јувентес.