Напаѓачот на Франција, Карим Бензема призна дека е среќен што се сретнал со Кристијано Роналдо на натпреварот од групната фаза на ЕП 2020 со Португалија (2:2). За време на натпреварот, Бензема и Роналдо не го криеја пријателството, постојано комуницираа едан со друг.
„Роналдо е мој голем пријател, бевме одличен напаѓачки пар во Реал Мадрид, постигнавме многу заедно. Беше одлично да се сретнам со него на Евро. Разговаравме, си посакувавме среќа на натпреварите за нашите репрезентации и клубови“, изјави Бензема.
Да потсетиме, во натпреварот од 3.коло од групната фаза на Европското првенство, репрезентацијата на Португалија се сретна со Франција. Мечот се одигра на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта (Унгарија) и заврши нерешено со резултат 2:2. Интересно е тоа што двајцата играчи беа стрелци на головите за своите репрезентации.