Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бензема: „Сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите“
    Фудбал

    Бензема: „Сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите“

    risteBy riste22/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема беше еден од хероите во демолирањето со 5:2 на Ливерпул на „Енфилд“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Французинот постигна два гола, а по мечот изјави дека сите во тимот сакаат повторно да го подигнат трофејот на турнирот.

    „Тоа беше важна вечер за нас и сакам да му ја посветам оваа победа на починатиот почесен претседател Амансио. Тоа е за него. Игравме карактерно, постигнавме многу голови и покажавме дека сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите. Така го добивме овој прекрасен натпревар кој беше убав за нас на теренот и за луѓето што го гледаа. Да, лошо го започнавме натпреварот, знаевме дека навивачите на „Енфилд“ ќе не стават под притисок. Ова е вистинското лице на Реал Мадрид. Фудбалот на ова ниво е тежок. Тие почнаа подобро, но тоа беше голем натпревар и ние бевме подготвени за тоа“, рече Бензема по натпреварот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“

    25/03/2023

    Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“

    25/03/2023

    Лукаку: можеме и подобро

    25/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“
    • Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“
    • Саинц го коментираше успехот на Ред Бул
    • Лукаку: можеме и подобро
    • Еспаргаро е хоспитализиран
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.